„Варијации на тема“ – женска самодоверба

Еве како женската самодоверба варира во текот на животот.

Дали сум доволно убава? Дали сум секси? Дали сум претерала со краткото здолниште? Зошто никој не ме забележува? Зошто сите ме забележуваат? – се прашања кои што ги мачат повеќето припаднички на понежниот пол во одделни периоди од животот. Сепак, постојат и животни фази кога вакви нешта ни најмалку не им се важни на жените.

Погледнете како изгледа растењето на просечната жена, од периодот на самоуверена девојка, која станува збунета млада дама и не и е јасно што се случува со нејиното тело, понатаму зрела жена сигурна во својата сексуалност, па се до стара и мудра баба.

Овој награден краток анимиран филм, по име „Sidewalk”, е во режија на Силија Балвинкел.

- Реклама -