Најубавите СМС пораки за „Среќен роденден“

СПОДЕЛЕТЕ

Денеска издвојуваме неколку убави стихови за роденден. Доколку не знаете што да напишете, па трошите време во барање совет на интернет, имајте ја во предвид оваа статија.

Стиховите можете да ги прилагодите и за некоја друга прилика. Уживајте и посакајте му некому многу здравје.

Со рацете допри ги сите ѕвезди,
ти посакувам само љубов и здравје во домот да ти се вгнезди.
Сонцето вечно нека ти го осветлува секој ден,
Со целото срце, ти посакувам – среќен роденден!

Кога анѓелот ќе полета како птица,
ќе ги допре сите насмеани лица,
нека ти пренесе порака на кријата бели,
„Среќен роденден и исполнување на зацртаните цели“.

Да се заљубиш, но среќно,
љубовта да ти трае вечно,
да заборавиш на она што ти создава мака,
да знаеш дека некој искрено те сака.
Среќен роденден!

 

Ти посакувам 12 месеци без болести,
52 недели среќа,
365 денови без грижа, 8760 часа љубов,
525600 минути убави моменти,
и 31536000 секунди секс.

Нека Бог ти подари се што немаш,
а нека го задржи сето она што го имаш, а го сакаш.
Среќен роденден.

Некои се родени спортисти,
некои актери,
некои музичари,
а некои како тебе родени се…
многу, многу одамна.

Се што животот го прави убав,
а тебе среќен,
нека ти го донесе овој ден.
Среќен роденден.

Долго барав подарок,
доволно достоен за тебе.
Не најдов нешто такво,
па затоа ти се подарувам себе.
Среќен роденден!

Гледај без каење во минатото,
без страв во иднината,
и запамети дека после најголемите бури,
морето ги исфрла најпрекрасните бисери.
Среќен роденден!

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ