Како да ја спасите облеката што се собрала за време на перење?

СПОДЕЛЕТЕ

Сигурно не ви се случило само еднаш да ставите во машината маици со една големина, а да ја извадите за еден број помала поради погрешно наместена температура.

Не очајувајте, и за тоа постои решение.

1. Во еден сад истурете топла вода, а внатре додадете бебешки шампон.

2. Собраните маици или било кои други парчиња од гардеробата ставете ги да отстојат во таа вода, а повремено нежно протријте за да се опуштат влакната.

3.  После пола час извадете ја маицата од водата, но без цедење и вртење, туку само полека стиснете да излезе вишокот вода.

4. На рамна површина раширете еден пешкир и на него легнете ја маицата, па пешкирот свртете го за го впие вишокот од влага.

5. Оставете го така во ролна да отстои дваесет минути, а потоа одвртете го пешкирот.

6. Раширете нов, сув, пешкир и на него нежно истегнете ја маицата колку што можете.

7. Оставете ја маицата да се исуши на пешкирот, а ако не сте задоволни со резултатот, повторете ја постапката.

- Реклама -