Најчести грешки при отсранувањето на влакна

СПОДЕЛЕТЕ

Дури и да мислите дека знаете сè за отстранување на влакната по телото, многу е веројатно да доживеете болки, поткожни влакна и др, без да сфатите што е она што ги предизвикува.

Ако сакате да добиете најдобри резултати од отстранување на влакна, потребни ви се најефикасните напори. Еве некои грешки кои што се случуваат при отстранување на  несаканите влакна.

Бричење ​​со тапо ноже

Некои козметичари советуваат да користите брич како апарат за еднократна употреба, но ако сметате дека таквата практика е премногу екстремна,  ограничете се до 3-4 употреби на сечилото пред да го замените со ново (тоа е во случај да користите брич со менување се жилети). На овој начин ќе си обезбедите  ефективно бричење и нежна мазност на кожата.

 

Друга многу важна работа е да го исплакнете ножето добро и да го оставате да се исуши на место кое НЕ е влажно. Во спротивно ќе почне да зарѓува, а ако тоа се случи, секое ненамерно сечење може да ве чини инфекција.

Изложување на сонце пред отстранување на влакна

Сите сакаме тен, без разлика дали е по природен или вештачки начин во солариум, треба да се одложи за по бричењето. Во спротивно, ризикувате да ја иритирате кожата или да создадете предуслови за појавата на пигментни дамки. Друга важна работа е да избегнувате да се подложувате на директна изложеност на UV зраци, непосредно откако сте  правеле ласерско отстранување.

 

Бричење наутро

Никогаш не се бричете ​​наутро или после топла када. Бидејќи кожата е подуена рано наутро, бричењето нема да биде доволно ефикасно. Откако кожата ќе се врати во нормална состојба, тогаш ќе ги почувствувате боцкастите влакненца кои не сте можеле да се отстраните порано.

Отстранување на влакна  во несоодветно време од месецот

Депилацијата и ласерското отстранување на влакна се повеќе болни во недела пред месечниот циклус. Една од грешките што можете да си ги дозволите, е да ги игнорирате хормоналните промени во вашето тело. Ако сакате болката за време на отстранување на влакната да биде помала,  чекајте по крајот на месечниот циклус.

Прочитај повеќе: Доколку ги отстранувате сите влакна таму доле, задолжително прочитајте го овој текст

- Реклама -