Погледнете го новиот клип за новиот анимиран филм на Дизни: „Big Hero 6“

Новиот клип ви покажува колку симпатичен е всушност Бајмакс, кој би можел да стане вашето ново омилено нешто.
„Big Hero 6“ е искрена комедија- авантура за чудото во роботиката Хиро Хамада, кој учи како да ја скротува својата генијалност, благодарение на неговиот брилијантен брат Тадаши и нивните истомислени пријатели. Кога катастрофалниот пресврт на настаните ги катапултира во средина на опасните улици на Сан Франциско, Хиро се свртува кон неговиот најблизок придружник- врвен робот наречен Бајмакс- и ја преобразува групата во високо-технолошки напредни херои решени да ја решат мистеријата.

Инспириран од Марвел стриповите, „Big Hero 6“ е во режија на Дон Хал и Крис Вилијамс, и во продукција на Рој Конли. Филмот ќе се појави во кино салите во 3D на 7-ми ноември 2014 година.

- Реклама -