Kaко да ја отстраните фарбата за коса што не ви се допаѓа?

СПОДЕЛЕТЕ

Кога сакаат да го променат изгледот, жените најчесто започнуваат од фризурата.

Иако сакаме да експериментираме, сепак се плашиме од неуспех.

Но, доколку сте се одлучиле да промена на бојата по дома, а крајниот резултат ве разочарал нема потреба да паничите. Ви откриваме како да ја отстраните фарбата за коса, што не ви се допаѓа.

За да ја поправите штетата потребен ви е витамин C во таблети.

Зависно од должината на косата земете поголем број таблети, здробете ги и помешајте ги во својот шампон. Таа мешавина нанесете ја на косата, замотајте ја со крпа и оставете околу 1 час на главата. После тоа измијте ја и би требало веднаш да ви се врати оригиналната боја. Брзо и едноставно!

По овој трик потребно е следните неколку пати кај миењето да користите повеќе регенератор. И секако, ова да не ви прерасне во навика.

- Реклама -