Смешен балет…Зошто па да не?

Виенската државна опера и балет пред неколку години го претставија најсмешниот настап во историјата на балетот, иако видеото дури сега ги добива своите минути на споделување низ светот.

Тие работејќи на овој гала проект си помислиле – што ако балерините не танцуваат како и обично?

Па така, балерините не се редат правилно, прават смешни грешки, а публиката ужива.

Кој би помислил дека доза хумор на уметност каква што е балетот може да биде волку брилијантна идеја.

- Реклама -