Aнтидепресивите и интернетот се одамна измислени во литературата

Научниците секогаш гледале напред во иднината и  раскажувале за големи проекти, од кои некои се случувале навистина.

Но никој не може да сонува како писателите. Само во литературата техниката и човечкиот живот можат да се покажат целосно непрепознатливи без претензии за научност или допир со реалноста. Писателите во блиското, а и далечно минато, немале интернет и глобална мрежа, но имале навистина неограничена имагинација за што можеме само да им завидуваме. Еве пет откритија на нашето време, за кои што во литературата се пишувало многу одамна:

Антидепресиви

k1

Во својата книга “Прекрасен нов свет” Олдос Леонард Хаксли пишува за безопаснa дрога „Сомалија”, кој што им помага на луѓето да се чувствуваат среќни и да заборават на проблемите – во денешно време овие лекови се нарекуваат антидепресиви.
Според истражувањето на Организацијата за економски развој, само 10% од луѓето кои што  пијат антидепресиви, го прават тоа со цел да се лекуваат. Огромното мнозинство купуваат слични лекови со цел да се чувствуваат подобро  и да избегнат  стресот, што е многу погрешно.

Кредитни картички

k2

Во далечната 1888 година, американецот Едвард Белами пишува утописки роман „Поглед назад”. Главниот лик во книгата е заспан од еден хипнотизер и се буди по 113 години. На границата на 21 век светот е раководен од една огромна супер корпорација. Исплатата не се случува со пари, туку со карти, кои се врзани во единствен кредитен систем.

Женски панталони

Во 1828 година Џејн Лауден  го објавува својот роман “мама”. Писателката има едвај  17 години кога го чита романот на Мери Шели за Франкенштајн и е под силно влијание од него. Слично на книгата за Франкенштајн, и „мама” е роман на ужасите, но дејството се случува во 22 век. Според младата Џејн тоа ќе биде време во кое жените ќе се целосно рамноправни. Освен што се осврнува  целосно кон  феминизмот, писателката си дозволува и многу скандалозни предвидувања за тоа време – според неа жените во иднината ќе одат  во панталони! Освен тоа, во книгата се опишуваат флоресцентни светилки, кои што практично се појавуваат дури во средината на 20 век.

Глобалната информациска мрежа

'La_Journée_d’un_journaliste_américain_en_2889'_by_George_Roux_1

Жил Верн е еден од најголемите фантазери живееле некогаш. Неговите предвидувања кои што добиваат реална димензија се многу, но оваа е особено интересна, бидејќи всушност е дело на неговиот син. Жил Верн објавува во 1889 година во свое име дело на својот син Мишел. Во расказот “2889” година се раскажува за информациониот систем на иднината, кој што е единствената „Хроника на земјата”. Таа се шири преку мрежа од посебни уреди кои не само што ги реплицираат информациите, туку и можат да ги чуваат за повторно разгледување. Според Верн таткото и синот, жителите на иднината можат да слушнат вести без да останат во својот дом и да ги видат сите државни раководители и научници пред себе. А сопственикот на единствената новинска агенција е кралот на САД.

Интернет

Уште еден писател генијално го претскажал развојот на техниката и тоа е  Марк Твен. Во 1898 година тој пишува во еден од расказите за „телектроскопите” – уреди кои што овозможуваат да се оствари во реално време  врска со луѓе на другиот крај на светот. Јунакот во неговиот расказ е осуден на смрт и пред егзекуцијата ужива во својата ќелија гледајќи низ телектроскоп, за да види низ него земји и луѓе од целиот свет, кои инаку никогаш не би можел да ги види.

И конечно треба да додадеме дека листата со соништа кои се уште чекаме да се остварат е многу голема. Но, по сето раскажано до тука имаме многу посилна вера и во невозможните предвидувања на фантазерите во книгите.

- Реклама -