Вентилатор-финта за спас во летните ноќни горештини

СПОДЕЛЕТЕ

Ноќите се спарни, тешко е за спиење, а се што имате е вентилатор… Чаре? Читајте во продолжение.

Вентилаторот не е најефтиното решение за разладување, но човек мора да спие. Тогаш, барем искористете го најефикасно што може. Real Simple има невообичаен, но едноставен предлог. Наместете го вентилаторот да дува кон надвор. Тоа и не е така чудно кога ќе се земи во предвид на кој принцип работи. Поставувајќи го на прозорецот, свртен кон надвор, пропелерот ќе го издува топлиот воздух од просторијата, ослободувајќи место за свежиот воздух од надвор. Што побрзо се одвива циркулацијата, толку побрзо ќе опадне температурата во собата. Ако имате можност да отворите уште еден прозорец и да создадете промаја, уште подобро.

- Реклама -