Ова момче слушна плач во кантата за отпадоци. За среќа не ја одмина

Дерек, момче од Бруклин, при вечерната прошетка во неговото маало наслушнал чудни звуци налик на бебешки плач кои доаѓале од железните корпи за отпадоци кои се наоѓале во близина.

Брзајќи да погледне што се крие во нив, започнал да препознава звук на мало маче, кое се наоѓало во црна ќеса за ѓубре заврзана на врвот, и фрлена како отпадок. Дерек ја отворил ќесата, и од неа излегло маче старо едвај 5 дена. Со оглед на тоа што било доцна и ветеринарните служби не работеле, Дерек го вдомил мачето и се погрижил за него. Забележал дека е женско, и го именувал Џена.

Следниот ден ја предал Џена на професионалци кои ветиле дека добро ќе се грижат за неа, се додека да биде доволно голема за да може да ја подарат на некој да ја вдоми.

- Реклама -