Лесен рецепт за слатко од јагоди

СПОДЕЛЕТЕ

Послужете им го на драгите гости, засладете се или прелејте разни домашни слатки со ова вкусно слатко од јагоди.

Состојки:

1кг јагоди

1.300 шеќер

сок од еден лимон

Подготовка:

Јагодите добро измијте ги и извадете им ги листовите. Попрскајте ги со лимонов сок и ставете ги во длабоко тенџере со шеќер. Оставете така да остојат една ноќ. Утредента кратко варете ги без да ги поместувате, почекајте да се оладат, па повторно вратете ги на шпоретот да се варат. Оставете да преноќат уште една вечер и утредента повторно гответе, оладете и внимателно сипувајте во тегли.

Напомена: Можете да додадете и стапче ванила за уште поубава миризба.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ