Само неколку чекори ве делат од балкон (двор) од соништата

СПОДЕЛЕТЕ

Не ретко балконите или двориштата претставуваат лошо искоритстен или пак воопшто неупотребен простор, како место на кое растат диви треви или пак место за „натрупување“ на непотребните предмети од домот. Доколку спаѓате во оние кои неправедно забораваат на благодетите кои ги нуди ова катче, време е тоа да го промените. Ние ви нудиме неколку креативни идеи, кои ова место ќе го претворат во пријатно прибежиште во кое со задоволство ќе сакате да го минувате времето.

60946881
Масичка и столчиња, на кои ќе го пиете првото утринско кафе, ќе појадувате или читате книга.
60946882
И перничињата за столчиња закачени за оградата можат да бидат симпатичен декор.
Palm-Beach-Balcony-Garden-Modern-Mint
Креативни саксии во различни бои и облици
60946885
Зелената или бела боја на мебел освен што создава пријатен амбиент,. изгледа одлично.
60946897-fenjer-balkon-uredjenje
Фенер, свеќник или креативни хартиени лустери создаваат пријатна светлина за потполно уживање.
bird-house
Куќарките за птици освен што изгледаат симпатично, дополнително ќе го разубават дворот или балконот со пеењето на птиците кои ќе ги привлечат.
1-citybalconies
Дрвената рачно направена клупа, украсена со перничиња, ќе ви понуди удобност и целосен комфор.
IMG_2485
Цвеќиња, за максимално уживање во надворешното опкружување.
60946880
Секако, секогаш можете и тематски да го уредите дворот или балконот, во зависност од вашиот личен вкус.
- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ