Зеегроте – најголемото подземно езеро во Европа

СПОДЕЛЕТЕ

На околу 15 минути пат од австриската престолнина се наоѓа најголемото подземно езеро во Европа – Зеегроте. Зеегроте можете да го видите  на 17 километри од Виена.

00032294

 

На ова место пред малку повеќе од еден век се наоѓал најголемиот  рудник за бел и црвен гипс. Во 1912 година,  по грешка при подземно минирање, рудникот се исполнил  со вода и долго време останал затворен. Во 1930-та година меѓународен тим истражувачи откриле неверојатна природна слика и Зеегроте се претворил во една од најголемите туристички атракции.

5865509177_d73c7d54b3_z

 

За време на Втората светска војна нацистите го користат Зеегроте за создавање на првиот реактивен борбен – Heinkel HE 162 Salamander.

Денес во Зеегроте може да се прошетате со чамец во езерото, чија длабочина достигнува 12 метри, а  температурата тука е 9 степени. Интересно е дека Холивуд го  користел езерото за неколку сцени во познатата филмска продукција “Тројцата мускетари”.

- Реклама -