Како силни поддржувачи на духот на семејството и фамилијарните вредности, Алумни асоцијацијата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје организира настан за прослава на Меѓународниот ден на семејството.
Настанот ќе се одржи во недела на 20 мај 2012 година, во Луна паркот во градскиот парк во Скопје, од 10-17 часот. Посетителите (децата) ќе имаат можност бесплатно да ги користат постоечките реквизити во Луна паркот, но исто така настанот ќе биде збогатен со забавна програма.
“Меѓународен ден на семејството е ексклузивен настан, инициран и организиран од страна на Алумни асоцијацијата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Првиот меѓународен ден на семејството беше организиран на 15ти Мај 2011, а планираме да го прославуваме овој ден секоја година. “
Претходната година околу десет илјади посетители беа дел од прославата која се одржа во Скопскиот Луна Парк. Соединивме околу 10 компании и институции и обезбедивме бесплатно користење на сите реквизити во паркот и истовремено да ja дополни забаватa со кловнови, магионичари, цртачи на лице, жонглери, куклен театар, итн.
Нашата цел е да овој настан премине во традиционален и за таа цел со задоволство ве покануваме да бидете покровители и пријатели на следниот “Меѓународен ден на семејството”.
Ве очекуваме да бидете дел од овој настан и заедно да креираме насмевка на лицата на многу деца и семејства.
ПР текст






















































































