Топ 25 цитати на Вуди Ален

СПОДЕЛЕТЕ

Вуди Ален е еден од најпочитуваните и најплодните режисери во модерното време. Ален е присутен и влече теми од литературата, филозофијата, психологијата, јудаизмот, европската кинематографија и Њујорк, каде што е роден и живее целиот свој живот. Некои можеби ги сметаат неговите филмови за стекнат вкус, но никој неможе да ја негира неговиот брилијантен хумор. Вуди Ален или го сакате или не го сакате. Тука е листа од 25 од неговите најдобри цитати (превземени од неговиот живот или драматургија).

1. Талентот да се биде среќен е да го цениш и сакаш тоа што го имаш, наместо тоа што го немаш.

039 20431~Woody-Allen-In-Sleeper-Posters

2. Благодарен сум на смеењето, освен кога млеко ми искача од носот.

3. Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови.

4. Имав ужасна едукација. Посетував училиште за емоционално пореметени учители.

5. Осумдесет проценти од успехот е појавувањето.

6. Верувам дека постои таму нешто што не надгледува. За жал, тоа е владата.

7. Бисексуалноста веднаш ги дуплира твоите шанси за состанок во сабота навечер.

8. Посетував курс за брзо читање и ја прочитав Војна и мир за дваесет минути. Се збореше за Русија.

9. Моето каење во животот е тоа што не сум некој друг.

10. Во мојата куќа јас сум главен, мојата жена само ги донесува одлуките.

240Px-Woody Allen (2006)

11. Се чини дека светот е поделен на добри и лоши луѓе. Добрите спијат подобро додека лошите уживаат  многу повеќе додека се будни.

12. Хардвард прави грешки исто така, знаете. Кисинџер учеше таму.

13. Што ако се е илузија и ништо не постои? Во тој случај, дефинитивно премногу платив за мојот тепих.

14. Има и полоши работи во животот од смртта. Дали некогаш сте ја поминале вечерта со агент за осигурување?

15. Несакам да достигнам бесмртност преку мојата работа. Сакам да го постигнам тоа со не умирање.

16. Можеш да доживееш сто години ако се откажеш од сите работи за кои сакаш да живееш сто години.

17. За тебе сум атеист; за Господ, јас сум верна опозиција.

18. Многу сум горд на мојот златен џебен часовник. Мојот дедо, пред умирање, ми го продаде овој часовник.

Allen W

19. Животот не имитира уметност, имитира лоша телевизија.

20. Јас сум запрепастен од луѓето кои сакаат да го „знаат“ универзумот кога е доволно тешко да го најдеш патот низ Chinatown.

21. Ако моите филмови натераат некого да се чуствува мизерно, јас ќе се чуствувам дека сум направил добра работа.

22. Во Беверли Хилс… тие не го фрлаат ѓубрето. Тие го прават во телевизиски емисии.

23. Животот е полн со мизерија, осаменост, болка и страдање- и сето тоа завршува премногу рано.

24. Некој тип го удри мојот браник, и му реков, „Биди плоден и множи се,“ но не со тие зборови.

25. Поголемиот дел од времето немам многу забава. Остатокот од времето воопшто не се забавувам.

- Реклама -