Од каде потекнуваат имињата на‭ месеците?

СПОДЕЛЕТЕ

2007caledfndarСите со душа го чекаме‭ ‬31‭ ‬Декември за да се‭ „‬откачиме‭“‬ малку,‭
‬па среќни,‭ ‬весели и опуштени да влеземе во Јануари,‭ ‬а со тоа и во
новата година.‭ Знаеме дека после тоа доаѓа Божиќ на‭ ‬7‭ ‬Јануари,‭
‬па денот на жените на‭ ‬8‭ ‬Март итн.,‭ ‬но дали знаете од каде
потекнуваат имињата на месеците‭?


2007calendarСите со душа го чекаме‭ ‬31‭ ‬Декември за да се‭ „‬откачиме‭“‬ малку,‭ ‬па среќни,‭ ‬весели и опуштени да влеземе во Јануари,‭ ‬а со тоа и во новата година.‭ Знаеме дека после тоа доаѓа Божиќ на‭ ‬7‭ ‬Јануари,‭ ‬па денот на жените на‭ ‬8‭ ‬Март итн.,‭ ‬но дали знаете од каде потекнуваат имињата на месеците‭?

‬Сте знаеле ли дека пред календарските интервенции од страна на римскиот император Нума Помпилиј,‭ ‬годината почнувала со Март,‭ ‬а Јули не постоел како месец се до доаѓањето на Јулие Цезар на власт‭? ‬За тие што ги интересира,‭ ‬еве еден краток историјат на календарот,‭ ‬каков што го познаваме и употребуваме денес.

Оригиналната римска година имала‭ ‬10‭ ‬месеци‭ (‬Martius‭ ‬,‭ ‬Aprilis,‭ ‬Maius,‭ ‬Junius,‭ ‬Quintilis,‭ ‬Sextilis,‭ ‬September,‭ ‬October,‭ ‬November,‭ ‬December‭)‬,‭ ‬а почнувала со Март.‭ ‬Нума Помпилиј,‭ ‬вториот римски император што живеел некаде околу‭ ‬700‭ ‬година пред н.е.,‭ ‬додал уште два месеца‭ ‬-‭ ‬Januarius и Februarius и го‭ ‬поместил почетокот на годината од Март во Јануари.‭ ‬Покрај тоа,‭ ‬го сменил бројот на деновите во месецот,‭ ‬а вовел и‭ „‬меѓумесец‭“‬ -‭ ‬Intercalaris,‭ ‬што векови подоцна од календарот го отстранил Јулие Цезар,‭ ‬но останала трага од тој месец во престапниот Фебруари.‭ ‬Еве што значат имињата на месеците:

– Јануари доаѓа од Јанус,‭ ‬богот на вратите и портите,‭ ‬како и на изгрејсонцето и зајдисонцето,‭ ‬и воопшто на почетоците и краевите.‭ ‬Тој бил бог со две лица,‭ ‬едното свртено нанапред,‭ ‬а другото наназад.‭ ‬Јануари е наречен според богот на почетоците,‭ ‬затоа што овој месец ја отвара годината.

– Февруари доаѓа од зборот februo што значи‭ „‬прочистување‭“‬.‭ ‬Во стариот Рим на‭ ‬15‭ ‬Фебруари се принесувале жртви на боговите,‭ ‬со цел луѓето да се прочистат од гревовите.

– Март,‭ ‬од богот Марс,‭ ‬римскиот бог на војната.‭ ‬Овој месец е наречен така затоа што тогаш почнувала работната година за војниците.‭ ‬Сите воени активности почнувале во Март,‭ ‬бидејќи во текот на зимата немало борби.

-Април води потекло од зборот aperire што значи‭ „‬отварање‭“‬.‭ ‬Со ова име се означувало доаѓањето на пролетта и отварањето на пупките и лисјата на дрвата.

– Мај доаѓа од Маја,‭ ‬божицата на плодноста,‭ ‬мајка на Меркур и ќерка на Атлас.
 ‬Мај е месец кога вегетацијата расте и носи плодови.

– Јуни е именуван според Јуно,‭ ‬главната божица во римскиот пантеон.‭ ‬Таа била божица на венчавките,‭ ‬ќерка и сестра на Јупитер.

– Јули како месец го вовел Јулие Цезар и затоа го носи неговoто име.‭ ‬Старото име било Quintilis,‭ ‬што значи петти месец.

– Август е наречен според Август Цезар,‭ ‬кој ја довршил реформата на календарот што ја започнал Јулие Цезар и го преименувал осмиот месец во сопствена чест.

– Септември,‭ ‬Октомври,‭ ‬Ноември и Декември се наречени спорeд бројките седум‭ (‬septem‭)‬,‭ ‬осум‭ (‬octo‭)‬,‭ ‬девет‭ (‬novem‭) ‬и десет‭ (‬decem‭) ‬според нивниот редослед во стариот календар,‭ ‬но и после реформата на папата Григориј‭ ‬13,‭ ‬кој го прогласил Јануари за прв месец во годината,‭ ‬ги задржале старите имиња.

Римјаните имале посебно име за првите денови во месецот‭ (‬Kalends‭) ‬кои биле посветени на божицата Јуно,‭ ‬за седмиот ден‭ ‬(Nones‭) ‬и за петнаесетиот ден‭ (‬Ides‭) ‬посветен на Јупитер.‭ ‬Во стaриот Рим не постоеле седмици‭ (‬недели‭)‬,‭ ‬како што имаме ние денес.

- Реклама -