Хрватката Клара целосно гола во германско реално шоу (+18)

СПОДЕЛЕТЕ

„Би направила се, само да бидам на телевизија“, признава Клара Перко (28).
За учество во шоуто „Адам ја бара Ева“ дала отказ во банка и отишла на пуст остров.

Клара Перко има 28 години и е Хрватка која живее во Германија. Во Дуисбург работела во банка, но таа работа ѝ станала досадна па одлучила да се пријави во реалната емисија на RTL „Адам ја бара Ева“, пишува 24sata.hr.

Клара поради шоуто дала отказ на работа во банка. Во шоуто со останатите кандидати е целосно гола на пуст остров. Со својата добра градба, веќе ги освои симпатиите на многумина.

– Би направила се, само да бидам на телевизија- признала Клара. На Фејсбук има многу фотографии во провокативни пози, но вели дека е срабежлива и не е навикната да се појавува гола пред луѓе. Сега, сепак се соблекла бидејќи сака да биде на телевизија.

– Моите родители не можат да поминат преку тоа. кај нас во Хрватска многу се внимава на тие работи и луѓето не се соблекуваат лесно- вели Клара.

- Реклама -