Шест луѓе кои спасиле илјадници животи

За некои луѓе, спасувањето на човечки животи е само дел од нивната работа. За други обидот за  спасување на  друго човечко суштество е достигнување достојно за песната „ Hero” на Мараја Кери и почесна стрелба од пушки. Сепак, луѓето на оваа листа спаѓаат во трета категорија. Тие се оние кои спасиле безброј луѓе, често жртвувајќи се себе.

Полицаец спасил стотици самоубијци

Полицаецот Кевин Бригс 22 години ги обиколува патиштата на округот Марин, во кој спаѓа и мостот Голден Гејт. Мостот е познат по две нешта: дека е присутн во многу филмови и  дека е една од најпопуларните дестинации за самоубиства во САД.

Бригс постојано се наоѓа на оваа дестинација.  Вели дека му се случува барем два пати месечно да убедува некој човек да не скокне. Во својата кариера спасил стотици луѓе, а само еден  скокнал од мостот за време на неговата смена.

Британскиот шпион, спасил илјадници Евреи за време на Холокаустот

Кој  спасил најмногу Евреи во Втората светска војна? Ако одговоривте  Оскар Шиндлер, драго ни е што сте  одвоиле време да погледнете  еден  прекрасен гилм.  Иако Шиндлер успеал да  спаси околу 1200 Евреи, еден британски шпион за кој не се знае толку многу го надминал за 9.000.

Франк Фоли  работел во оддел за пасоши  на британската амбасада во Берлин. Неговата работа сепак била идеална за целта. Тој бил многу свесен  за односот на Германците кон Евреите и воопшто не се согласувал со нивната идеологија ( ако воопто може да се нарече така). Почнал да им издава пасоши и визи, за да можат Евреите да заминат во некоја слободна земја, каде што Хитлер не бил стапнал. На крајот Фоли спасил околу 10 000 Евреи од сигурна смрт.

 Инженерите од Титаник, се жртвувале  за да спасат повеќе луѓе

Филмот на Џејмс Камерон ги покажува инженерите на Титаник во  една минута, кога бродот се судира со мразот и за момент повторно кога водата доаѓа до  одборот. Тие сепак се вистинските херои на трагедијата.Додека сите други се обидувале да се евакуираат, инженерите  продолжиле да работат, давајќи му  на Титаник уште 45 минути светлина и струја, за да може 700 луѓе  да излезат од бродот.

Девојка спасила стотици од цунами

10-годишната Тили Смит од Англија била на одмор во Пукет, Тајланд со семејството, кога океанот почнал да се однесува чудно. Сите на плажата уживале во феноменот, мислејќи дека океанот си прави магичен трик. Тили сепак знаела што се случува. Само две недели порано, таа научила за бранот цунами на час по географија. Препознавајќи ги  знаците на бранот убиец, таа веднаш им кажала на своите родители. Имајќи предвид дека, сепак, имала само 10 години, нејзините родители првично биле скептични.

Тили  инсистирала  додека семејството конечно се одлучило да се качи на повисоко место. На патот, тие му споменале за сомневањата на еден телохранител. Околу 100 лица биле  евакуирани и не долго после тоа  цунамито, убило четвртина милион луѓе во 13 земји, но ниту еден на  плажата на Тили.

Лекарот кој направил 30 000 слободни операции за времен на  војна

Секој лекар спасува животи, особено Џино Страда, кој е  специјализиран во трансплантации на срце и бели дробови. Уште поинтересно е што тој ги прави овие операции во најопасните делови на светот – Авганистан, Ирак, Судан, Камбоџа – и тоа целосно бесплатно. За 25-годишен стаж како волонтер, Страда има  направено 30 000 спасувачки операции.

Телохранител  спасил  2.700 лица на 11 септември

Луѓето често забораваат дека нападите од 11 септември можеа да имаат многу катастрофални последици. Дел од причината е тоа што  толку многу луѓе успеале да се извлечат живи и здрави благодарение на  еден човек кој знаел што ќе се случи. Тој бил долгогодишен телохранител во финансиската компанија Morgan Stanley и неговото име е Рик Рескорла.

Тоа не беше првиот напад на Светскиот трговски центар – во 1993 терористи се обидоа да ги срушат кулите со камион бомба. Искуството очигледно беше неуспешно, но Рескорла ги предупредил градските власти за пропусти во безбедноста на зградите пред овој прв обид. Тие сепак го игнорирале.

Затоа, кога Рескорла бил унапреден во директор за безбедност за Morgan Stanley (поголемиот дел од Јужната кула) во средината на 90-тите, тој решил да се подготви за евентуален напад  и измислил план за евакуација. Дури настојувал два пати во годината да се одржуваат суви тренинзи.

И така, кога првиот авион ја удрил Северната кула во 8:46 ч, Рескорла го  активирал планот. Кога вториот авион се удрил  во другата кула 17 минути подоцна, тој веќе успеал да извади  2700 лица од зградата, мирно и безбедно.

- Реклама -