Големо намалување на цените за повици и СМС пораки

СПОДЕЛЕТЕ

Од денеска се намалуваат големопродажните цени за повиците и СМС пораките во мобилната телефонија.

Цените за интерконекција кај говорните услуги паднаа од досегашните 4 и 3,2 денари на сегашните 1,2 денари и важат симетрично за сите оператори. Ова е исполнување на планот кој Агенцијата за електронски комуникации го зацрта уште пред неколку месеци.

Исто така намалени се и големопродажните цени за СМС пораките од досегашните 2 денари на 0,5 денари. АЕК очекува мобилните оператори да ги намалат цените на СМС за своите корисници за 75% и најнискaта можна цена да достигне1,25 денари за порака.

– Овие цени имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ја користат оваа услуга на мобилните оператори која во изминатиот период од повеќе причини регистрираше драстично намалување. Како во делот на пораките така и во делот на повиците, намалените големопродажни цени треба да бидат услов да се намалат цените за мобилен и за крајните корисници – велат од АЕК. Мобилните оператори ги поздравија новите цени.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ